Фудбалерите на Барселона го надиграат италијанскиот првак Наполи и се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
На официјалната прес-конференција по натпреварот, тренерот на Каталонцоте, Чави по којзнае кој пат, беше запрашан за неговата иднина во Барса.
„Навистина не знам зошто новинарите ме прашуваат по секој натпревар, дали ќе останам на клупата на Барселона.
На крајот на сезоната си заминувам од Барселона и тоа нема да се промени дури и ако ја освоиме Лигата на шампионите”,
изјави Чави.
Тренерот на Барселона имаше уште една забелешка за работата на шпанските новинари кои пред мечот со Наполи пишуваа дека тоа би можело да му биде последен во клубот.
„Се пишуваше дека ако не го елиминираме Наполи, веднаш ќе ја загубам работата, а потоа морав да им објаснам на играчите дека тоа не е така.
Не знам зошто има дополнителен притисок.
Дури и ако не победевме, никој немаше да умре, животот ќе продолжи.Овој тим на Барселона ја покажа својата вредност, се пласиравме во четвртфиналето и го чекаме противникот.
Навистина сакам да уживам во тој момент. Горд сум на играчите“,
потенцира Чави.
Во шпанската Ла Лига, Барселона е третата со бод помалку од Џирона, а осум помалку од лидерот Реал Мадрид.
Барселона го надигра Наполи и обезбеди четвртфинален во Лигата на шампионите