Претстојното коло содржи дерби натпревари во речиси сите сениорски првенствени конкуренции.

Во Прва лига (жени), бранителите на двојната круна, одбојкарките на Работнички ќе ја пречекаат водечката екипа сезонава. Струмица има максимални 17 победи и веќе го обезбеди 1.место во разигрувањето. Скопскиот тим се бори за третата позиција, на која атакува и тимот на Наковски волеј. Двете екипи имаат идентичен „скор“ (9-8).

Дербито во Скопје ќе се игра во понеделник, додека денеска на програмата е дуелот во Струмица.

За денеска се закажани и двата дуели од Втората Фазата-2 во кои Фит Фан волеј е апсолутен фаворит против Вардар жени, а Младост УГД и Вардар ЕМ ќе имаат директна пресметка за второто место.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ), ВТОРА ФАЗА-1, 4.КОЛО
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ (САБОТА, 18.00)
РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА (понеделник, 17.00)

ТАБЕЛА: Струмица жени 17-0, Јанта волеј 13-4, Работнички Скопје 9-8, Наковски волеј 9-8.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ), ВТОРА ФАЗА-2, 4.КОЛО
ВАРДАР ЖЕНИ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ (сабота, 14.30)
ВАРДАР ЕМ – МЛАДОСТ УГД (сабота, 17.00)

ТАБЕЛА: Фит фан волеј 9-8, Младост УГД 7-10, Вардар ЕМ 4-13, Вардар жени 0-17.