Македонскиот првак Еурофарм Пелистер завршувањето на настапот во Лигата на шампиони го плати до дополнителен „цех“.

Имено, пелистерци на гостувањето кај Колштад покрај тоа што загубија, останаа и без двајца ракометари.

Ненад Костески ја заврши сезоната, а Павле Атанасиевиќ ќе го нема најмалку три недели.

По пристигнување на екипата во Битола, направени се детални медицински прегледи.

Костески има повреда на вкрстен лигамент на десното колено, па ќе мора да оди на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.

Атанасиевиќ има фрактура на носна коска. Утрово преземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Првичните информации се дека Павле на терените би се вратил најрано по пауза од три недели.

Пелистер утре гои чека тешко гостување во Кавадарци кај Тиквеш.