Голем боксерски спектакл нé очекува вечерва во Саудиска Арабија.
Веќе подолг период Арабијците инвестираат огромни суми на пари за да ги доведат најдобрите светски боксери. Така ќе биде и вечерва.
Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа и поранешната ѕвезда на УФЦ Френсис Нгану ќе ги вкрстат ракавиците во рингот.
Британецот во овој меч слегува по трите победи минатата година (Џермејн Френклин, Роберт Хелениус и Ото Валин), и се надева дека победата против Камерунецот ќе му даде шанса да се бори за титулата.
За Нгану, вечерашната ќе биде само втора борба во професионалниот бокс. Во првата одржана минатата година, иако според многумина требаше да биде победник, Нигериецот загуби од ВБЦ шампионот Тајсон Фјури.
Во продолжение, погледнете ја најавата за вечерашниот спектакл кој треба да почне околу полноќ, а кој ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.