Претстојниот викенд во СЦ „Кале“ во Скопје, ќе се игра завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија, во женска конкуренција,
Марија Митева, минатата година, како капитен МЗТ Скопје ја имаше честа да го крене победничкиот трофеј, а се надева дека и годинава ќе го стори тоа.
„Целта лани беше да го освоиме првиот пехар. Разбирливо годинава целта е да го одбраниме трофејот.
Верувам во девојките дека можеме да го направиме тоа, зошто да не.
Се надевам дека целиот труд што го вложивме изминатиот период ќе се исплати“, изјави Митева.
Одбраната на трофејот аеродромки ќе ја почнат во дуелот со Вардар закажан за утре од 18.30 часот.
Во првото полуфинале ќе играат Баскет кам и Крива Паланка (16 часот).