Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра одличен натпревар за својата својата екипа Вашингтон Стејт во американската Универзитетска лига (НЦАА).

Јакимовски беше прв стрелец во тимот на „Кугарс“ кој славеше победа во неизвесен натпревар со 75-72 над  Универзитетот Јужна Калифорнија.

Кривопаланчанецот постигна 18 поени од кои 4 тројки, а зад своето име впиша и пет скокови.

Во составот на противничката екипа настапува синот на Леброн Џејмс, Брони, кој не се прослави и постигна само два поени.

Вашингтон Стејт сега имаат „скор“ 13-5 и се веднаш зад Аризона која е лидер на табелата во ПАЦИФИК-12 дивизијата.

Јакимовски сезонава има настапено на 29 натпревари и остварено просек од 10,3 поени и 5,4 скокови по натпревар.