Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат тешка задача да го повторат минатогодишниот успех во Купот на Македонија.
Тие се бранители на трофејот, но задачата годинава ќе биде тешка, смета шефот на стручниот штаб на аеродромки Горан Крстевски.
„На сите учесници да им посакам добра игра. Би бил среќен ако салата биде полна и да направиме ова да биде празник на кошарката и женската кошарка да го подигне нивото.
Куп натпреварите вообичаени се без фаворити. За мене сепак прв фаворит е Баскет кам, според она што го прикажуваат сезонава.
Што се однесува до полуфиналето со Вардар, очекувам добра игра.
Иако ги победивме два пати сезонава, сепак тешко е да ги победиш и трет ат во низа. Затоа блага фаворитската улога му ја препуштам на Вардар.
Меѓутоа, далеку од тоа дека ние ќе се предадеме. Напротив ако се укаже шанса сакаме да го одбраниме трофејот“, вели Крстевски.
Прва пречка на МЗТ Скопје А. ќе биде Вардар. Полуфиналниот натпревар ќе се игра во сабота од 18.30 часот.