Неверојатен натпревар одиграа екипите на Кливленд и Далас. Иако и на овој натпревар Лука Дончиќ имаше уште еден брилијантен настап, сепак неговиот тим загуби.

45-те поени на Словенецот, минаа во заборав на тројката која ја постигна Марк Штрус.

Тој со звукот на сирената од својата половина погоди за победа на „Кавс“ со 121-119. За Штрус тоа беше петта тројка во последните три минути од натпреварот, во кои и Донован Мичел додаде две.

Мичел натпреварот го заврши со 31 поен, а Штрус со 21, сите со шут за тројка (7/12).

На останатите натпревари беа постигнати следиве резултати:
Орландо – Бруклин 108-81
Вашингтон – Голден Стејт 112-123
Атланта – Јута 124-97
Бостон – Филаделфија 117-99
Њујорк – Њу Орлеанс 92-115
Чикаго – Детроит 95-105
Милвоки – Шарлот 123-85
Минесота – Сан Антонио 114-105
Оклахома – Хјустон 112-95
Портланд – Мајами 96-106