Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија ја очекува двомеч со Шпанија во квалификациите за Европското првенство 2024-та.
Во првиот нашите ракометарки ќе играат пред својата публика.
Ракометната федерација на Македонија информира дека влезот за натпреварот во Скопје ќе биде слободен.
Македонија и Шпанија првата средба ќе ја имаат во СЦ „Борис Трајковски“ на 29 февруари со почеток во 18 часот. Возвратниот натпревар ќе се игра во Ланзароте (Шпанија) на 3 март од 17 часот.
Двете селекции во првиот „круг“ од квалификациите забележаа победи и се главните претенденти за пласман на Европскиот шампионат.
Првата прозивка селекторот Кристијан Грчевски ќе ја направи во недела.