Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски со својот клуб загрепски Динамо ќе игра во осминафиналето на Конференциската лига.
Ристивски и Динамо за противник ќе го имаат грчкиот ПАОК. Тоа секако ќе бидат натпревари од висок ризик имајќи ги во предвид инцидентот во Атина при претходното гостување кај АЕК.
Дерби на рундата секако е дуелот меѓу холандскиот Ајакс и англискиот тим Астон Вила.
Осминафиналните натпревари ќе се играат на 7 и 14 март
УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКАТА ЛИГА – ОСМИНАФИНАЛЕ
ДИНАМО ЗАГРЕБ – ПАОК
АЈАКС – АСТОН ВИЛА
ОЛИМПИЈАКОС – МАКАБИ Т.А.
МАКАБИ ХАИФА – ФИОРЕНТИНА
ШТУРМ – ЛИЛ
УНИОН СЕНТ ЖИЛОА – ФЕНЕРБАХЧЕ
МОЛДЕ – БРИЖ
СЕРВЕТ – ВИКТОРИЈА ПИЛЗЕН