Два нови интереснеи натпревари носи денешниот дел во фудбалската Лига на шампиони.
Во Неапол и Порто ќе се одиграат последните два дуели од првата осминафинална рунда.
Во преден план ќе биде мечот на „Диего Марадона“ стадионот во Неапол, каде ќе се сретнат актуелните шампиони на Италија и Шпанија.
Наполи и Барселона се далеку од посакуваат позиција во домашните првенства, особено ова важи на домаќините.
Наполитанците се дури деветти и повеќе од јасно е дека немаат шанси да го одбранат „Скудетото“. Спас на сезоната ќе бараат во Лигата на шампионите, но тоа ќе биде ногу тешко. Барселона пак се надева дека ќе ја продолжи одличната низа и дека трет пат во последните пет сезони ќе го мине Наполи во нокаут фазата. На четирите меѓусебни дуели во Италија, Барса славеше победи на последните два дуели, а Наполи само на првиот 2014-та.
Дали избраниците на Чави ќе продолжат успешната серија или новиот тренер на Наполи Калцона ќе дебитира успешно, останува да видиме.
На вториот вечерашен натпревар во Португалија, Порто го пречекува англискиот Арсенал.
Оваа прва средба може да биде многу важна, особено за Порто кој никогаш не победил во Англија. Португалскиот гигант на гостувањата ви Англија има само три „ремија“ и дири 18 порази од нив девет во низа. Затоа Порто ќе сака да ја искористи домашниот терен и да со создаде предност со која по мирно би го дочекал реваншот во Лондон.
Ако се земат меѓусебните дуели на овие екипи во предвид, ниту Арсенал не може да се пофали. Имено „топчиите“ немаат победа на трите натпревари одиграни во Порто.
Натпреварите во Неапол и Порто ќе почнат во стандардниот термин од 21 часот.