Микел Мерино беше клучниот чивек кој донесе голем триумф за Реал Сосиедад. На претешкото гостување во Маљорка, Сосиедад дојде до победа од 1-2.

Уште во раната фаза на натпреварот Мајорка покажа карактер и „заби”.

Антонио Санчез стрелаше за 1-0 во 4-та минута. Се одеше како во бајка за Мајорка додека Такефуса Куби не израмни на 1-1 во 38-та минута.

Уште пред второто полувреме работата за Сосиедад стана „полесна“. На крајот од првиот дел Антонио Раило заработи два брзи жолти картони и беше исклучен од игра.

Со цврст и на моменти груба игра, домаќините и со 10 играчи одлично се бранеа. Но, тоа не беше доволно да останат не поразени.  Микел Мерино со ефектниот гол во третата минута од судиското дополнение го донесе победа на Сосиедад со 2-1

Овој триумф е вреден злато за Сосиедад. По 25 кола и 40 бода Реал Сосиедад се уште во игра за Лига на Шампиони. Мајорка пак е на 16-та позиција со 23 бода, само 6 повеќе од опасната зона.