Домаќинот на завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија, битолски Пелистер е последниот ти што се пласира во полуфиналето.
Пелистер пред своите симпатизери не дозволи изненадување и рутински го совлада Феникс со 81-70 во последниот четвртфинален меч.
По стартното водство на скопјани кои имаа и осум предност, пелистерци брзо се вратија во игра. Првата четвртина битолчани ја добија со 20-16, а втората Феникс (18-19), па на пауза Пелистер замина со +3 (38-35).
Предводени од расположениот Лука Стојановски, во третата четвртина Пелистер имаше и најголеми +15 (58-43). Сепак во последната четвртина домаќините влегоа со +11 (62-51).Таквата предност искусниот тим на Пелистер знаеше како да ја сочува, за да слави со конечни 81-70.
Репрезентативниот тандем Андреј Магдевски со 17 и Андреј Маслинко со 14, заедно со Лука Стојановски беа најефикасни во победничката екипа. Кај поразениот тим убедливо најдобар беше ветеранот Бојан Трајковски кој оствари дабл-дабл со 16 поени и 11 скокови.
Противник на Пелистер во полуфиналето закажано за утре од 19.30 часот ќе биде Еуро Никел.
Во првиот полуфинален дуел од 17 часот ќе играат лутите ривали МЗТ Скопје А. и Работнички.