Познати се шест од осумте екипи кои ќе играат во завршницата на одбојкарскиот Куп на Македонија во двете конкуренции.

Актуелните шампиони и бранители на трофеите во купот, Работнички кај дамите и Струмица кај мажите се меѓу полуфиналистите. Тие како и останатите четири екипи каде се играа осминафиналните натпревари, забележаа убедливи победи со 3:0 во сетови.

Кај дамите четвртиот патник ќе го дознаеме денеска по одигрувањето на натпреварот меѓу Јанта волеј и Фит Фан волеј.

Во машка конкуренција дуелот меѓу Лирија и Универзитет во Тетово е одложен.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ВАРДАР ЕМ 3:0 (25:22, 25:13, 25:20)
СТРУМИЦА – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ 3:0 (25:13; 25:22; 25:14)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 3:0 (25:22, 25:21, 25:18)
ЈАНТА ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ (вечерва – четврток од 20 часот)

КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
СТРУМИЦА – ГОК БОРЕЦ 3:0 (25:14, 25:16, 25:21)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 3:0 (25:15, 25:16, 25:22)
ШТИП УГД – ВЕСНА ПРОБИШТИП 3:0 (25:20, 25:17, 25:9)
ЛИРИЈА – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО (одложен)