Ељиф Елмас и неговиот Лајпциг останаа немоќни против Реал Мадрид. Со минимална победа од 1:0 „кралевите” ќе го дочекаат реваншот во Мадрид.
На самиот старт Лајпциг ја затресе мрежата на Андриј Лунин, но голот беше поништен поради офсајд.
Мечот продолжи во очекуван тек. Реал имаше повеќе игра но и Лајпциг имаше свои светли моменти. Резултатот на крај остана 0:0 на полувреме.
Почетокот на второто полувреме го отвори Брахим Диаз кој во 48.та минута стрелаше за 1:0.
Во продолжението, двете екипи имаа свои шанси, но резултатот остана непроменет. Голем „пех“ за Реал е повредата на стрелецот Диаз.
Во Мадрид, Реал патуваат со гол предност. Иако негативата е мала, сепак Елмас и Лајпциг ќе мораат да се помачат премногу за да ги исфрлат „Кралевите” од елитното натпреварување.
Реваншот во Мадрид ќе се игра на 6 март, а утре првите осминафинални дуели ќе ги играат Лацио – Баерн Минхен и ПСЖ – Р. Сосиедад.