Ливерпул дојде до нов триумф во нивниот поход кон титулата во Премиер Лигата. Овој пат настрада Барнли со резултат од 3:1.

Барнли беше рамноправен противик само во првиот дел. Во дел исполнет со жолти картони на полувреме се замина со резултат од 1:1.

Резултатот го отвори Диого Жота во 31.та минута, а изедначи Ошеј во 45.та минута.

Во вториот дел Ливерпул покажа сила и класа. Најпрво Луис Диаз зголеми на 2:1 во 52-та минута. Потоа Дарвин Нуњез зголеми на 3:1 во 79-та минута и со тоа го запечати резултатот.

Ливерпул е сеуште лидер во англискиот шампионат со 54 бода на 24 одиграни кола. Барнли е закопан на дното на 19.то место со 13 бода на 24 одиграни кола.