Екипата на Пелистер пропушти шанса со три победи да го заврши турнирот во Нови Сад.
Пелистерци беа во ситуација постојано да ја бркаат негативата во дуелот со Сутјеска. Дојдоа и до можност да триумфираат, но ја пропуштија.
По мечот тренерот Дарко Радуловиќ со свое видување.
„Енергетски влеговме слабо на почетокот, па малку успевме да се вратиме во игра.
И во второто полувреме исто така.
На крајот имавме ситуација да го добиеме натпреварот, но ете, некогаш се случува да заврши и во друг правец“,
изјави Радуловиќ.
Пелистер по 10 одиграни натпревари со 4 победи е на делба од 8 до 10 место со Сутјеска и Цедевита јуниор.