Ништо ново од екипата на ТФТ кога во прашање е настапот во регионалната второлигашка АБА конкуренција. Тимот од скопската населба Тафталиџе го претрпе и осмиот пораз во деветтиот одигран натпревар.
Вечерва во Нови Сад, ТФТ беше надигран од српскиот претставник Спартак Суботица со убедливи 93-64.
По израмнетата прва четвртина (20-20) во втората ТФТ одигра лошото во втората половина. Ми дозволи на противникот да направи серија од 14-5 и на пауза да замине со +9 (44-35).
Ништо подобро не беше ниту во продолжението. На крајот на третата четвртина противникот имаше и 20 поени предност (69-49). Последната четвртина беше само чиста формалност, па на крајот екипата од Суботица славеше со конечни 29 разлика (93-64).
Така ТФТ заедно со Шибенка која попладнево загуби од Пелистер, се последно пласираните екипи на табелата, само со по една победа.
Утре на турнирот во Нови Сад е слободен ден за македонските претставници. Натпреварите ги продолжуваат од петок до недела.