Кошаркарскиот клуб Црвена звезда соопшти дека центарот Џоел Боломбој потпишал нов договор.
Новата соработка значи дека Боломој ќе остане во клубот најмалку до 2026 година.
Боломбој целосно ја заслужи соработката што се случи, со оглед на тоа колку енергија и борбеност покажува на секој натпревар. Впрочем, за тоа сведочат и овациите што ги добива пред, за време и по натпреварите од навивачите на црвено-белите.
Сезонава во Евролигата тој има просек од 10,4 поени и 5,4 скока по меч. Боломбој во неделата во дербито на АБА лигата против Партизан постигна 14 поени и беше еден од најзаслужните за победата.