Лара Гут-Бехрами е победничка на велеслаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање.

Швајцарката, оствари најбрзо време на патеката во италијанскиот ски-центар Кронплац.

До својата петта победа сезонава таа стигна со време од 2.минута и 64.сторинки, по двете извозени трки.

Тоа беше за 1.секунда и 9.стотинки од Алис Робинсон од Нов Зеланд. Место на пиедесталот обезбеди и Швеѓанката, Сара Хектор која заврши трета.

Со овој триумф, Гут-Бехрами го презеде лидерското место во генералниот пласман во оваа дисциплина.

Воедно сега Швајцарката е на помалку од 100 бодови во однос на Михаела Шифрин која останува лидер во севкупниот генерален поредок.