Македонија го има и вториот свој фудбалери во најквалитетната германска конкуренција Бундес лигата.

Откако пред неполни месец Ељиф Елмас од Наполи се пресели во Лајпциг, денеска и официјално Агон Елези е нов член на Бохум.

Македонскиот репрезентативец Елези ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со германскиот клуб.

22-годишниот играч од средниот ред настапи би можел да има деби уште претстојниов викенд против Аугсбург.

Сепак со нетрпение ќе го чекаме моќното македонско дерби кога на 2 март ќе Бохум ќе го пречека Лајпциг.