Данил Медведев е вториот финалист на Гренд слемот Австралија опен. Русинот по голема борба и пресврт во пет сета беше подобар од Александер Зверев.
3-тиот носител во Мелбурн ги загуби првите два сета 5-7 и 3-6, спаси и две меч топки во третиот. Медведев го доби тој сет во тај-брејкот со 7-6 на поени, а потоа и следниот со 7-5 на поени. Во решавачкиот петти сет Германецот, падна физички и психички па Русинот лесно го доби сетот со 6-3.
Така Медведев се избори за своето трето финале во Мелбурн, а 14-то на Гренд слем турнирите.
Русинот за противник во финалето ќе го има Италијанецот, Јаник Синер кој го елиминира актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ.
Машкото финале на програмата е во недела, а утре ќе се игра женското.
Во него бранителката на трофејот од лани Белорусинката, Арина Сабаленка (2) ќе биде предизвикана од Кинвен Женг од Кина.