Рома успеа да ја совлада Верона со 2:1 на „Олимпико“ во првиот натпревар на Даниеле де Роси како нов тренер на „римската волчица“.

Фудбалерите на Рома одлично го започнаа натпреварот и веќе во 25-тата минута имаа предност од 2:0.

Ромелу Лукаку прекрасно погоди за 1:0 во 19-тата минута, а само шест минути подоцна Лоренцо Пелегрини зголеми на 2:0. Заслугата за двата гола оди кај Стефан ел Шарави кој забележа две асистенции.

Неспретната игра со рака на Диего Љоренте во шестнаесетникот и даде можност на Верона да ја намали негативата. Но, пеналот не го искористи Милан Џуриќ во 64-тата минута.

Сепак, Мајкл Фолоруншо успеа да постигне гол за Верона во 76-тата минута за 2:1 со што го постави и конечниот резултат.