Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево игра против Швајцарија во последниот свој натпревар на Европското првенство.

Уште по извлекувањето на групите беше јасно дека Швајцарија е селекцијата против која Македонија може да се надева на позитивен резултат.

Ние претрпевме два убедливи порази од Франција и Германија, а Швајцарците одиграа нерешено со Триколорите и загубија од домаќинот.

Со ремито против олимпискиот првак Швајцарија потврди дека има квалитетен состав. Затоа „букмејкерите“, па и од нашиот состав, улогата на фаворит им ја даваат на Швајцарците.

За разлика од Македонија која веќе нема шанси за втората фаза, Швајцарците сеуште се во игра. За да завршат како второ рангирани потребна им е победа и тоа со повисока гол разлика. Воедно тие ќе го чекаат и исходот од вториот натпревар во А групата. Во него ќе навиваат за домаќинот Германија да го совлада составот на Франција

Ова ќе биде девети дуел на Македонија и Швајцарија.

Црвено-жолтите имаат подобар биланс со дури шест победи и само два порази. Неуспесите беа во 2003-тата кога Швајцарија ги доби двата квалификациски дуели.

Оттогаш Македонија не знае за неуспех, па црвено-жолтите остварија четири победи во низа.

Ќе можат ли избраниците на Лазаров да ја продолжат низата останува да водиме по натпреварот.

Дуелот во „Мерцедес бенц“ арената во Берлин, ќе се игра во попладневниот термин од 18 часот.