на задоволство на домашната публика, репрезентацијата на Хрватска е вториот финалист Европското ватерполо првенство.
Во Загреб, во вториот полуфинален меч на шампионатот, Хрватите ја победија Унгарија со 11-8.
Ова беше реприза на финалето од пред две години, а тогаш во Сплит, „коцкастите“ стигнаа до златото.
Како и што се очекуваше неизвесен меч играа овие две ватерполо селекции.
По израмнетата прва четвртина (2-2); Хрватите во втората направија два гола предмет (2-0) и на полувреме заминаа со резултат 4-2. Третиот период беше најефикасниот, а подобри беа Унгарците (3-4). Сепак Хрватите постојано ја одржуваа предноста на гол-два разлика, за на 6,5 минути до крајот да поведат со +3 (9-6). Тоа се покажа како решавачки миг, па Хватска на крајот заслужено славеше триумф.
Хрватска ќе го игра своето петто финале во кое ќе атакува на третото злато.
Противници на Хрватите во финалето закажано за во вторник ќе бидат Шпанците кои беа подобри од Италија.