Кавадаречкиот фудбалски клуб Тиквеш не застанува со засилувањата. Откако вчера го промовираа 21-годишниот Христијан Малески за нов член на клубот, денеска две нови имиња во тимот.

Станува збор за двајца бразилски интернационалци, нпаѓачот Луан Силва и играчот за врска Робертињо.

Тренерот Ѓорѓи Мојсов на почетокот на подготовките за пролетниот дел истакнува дека клубот ќе се бори за сите бодови.

Мојсов верува дека оваа година ќе биде најуспешната за кавадаречкиот клуб. Иако тимот ќе има тешка задача за опстанок во Првата лига, сепак Тиквеш ќе се бори и за трофејот во Купот.