На задоволство на домашната публика, Марко Одермат беше најбрз на велеслаломот во швајцарскиот ски-центар Аделбоден.
До својата петта победа сезонава во Светскиот куп Одермат стигна во вкупно време 1:54.06, минути.
Тоа беше за 1 секунда и 26 стотинки побрзо од Норвежанецот, Александер Амод Килде, кој да прв пат во кариерата се искаќи на подиумот во оваа дисциплина.
На третото место заврши Хрватот, Филип Зупчиќ кој заостана секунда и 77 стотинки.
За Одермат ова беше 29-ма победа во кариерата, а седма во низа во велеслалом.
Утре на истото место мажите ќе се натпреваруваат во слалом.