Очекувано екипата на Јуветус обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Италија.

Во последниот меч од осминафиналната рунда, Јувентус пред своите симпатизери ја совлада Салернитана со 6-1.

Натпреварот лошо почна за Јувентус. Уште во првата минута со голот на Нигериецот, Иквуемеси гостите поведоа со 0-1.

До крајот на полувремето, Јуве направи пресврт со головите на Мирети (12) и Камбијасо (35.минута). Во вториот дел листата на стрелци се запишаа и: Даниеле Ругани, Јилдиз и Веа, додека Брон си постигна автогол.

Со тоа познати се и сите двојки за четвртфиналната рунда која на програмата е на 9 и 10 јануари.

Јувентус се чини ќе ја има најлесната задача бидејќи за противник ќе ја има екипата на Фосиноне. Најинтересно се очекува да биде во римското дерби меѓу Лацио и Рома.

Cup tree provided by Sofascore