Ракометарките на Ѓорче Петров ја остварија и 13-тата победа до женската Супер лига. Актуелните шампионки славеа триумф во дербито со Вардар кого го совлада со 31-27. 

По израмнетите 6-7.минути, Вардарки беа подобри подобри во продолжението. Постојано имаа гол-два предност се до крајот на полувремето кога Ѓорчепетровки израмнија на 19-19. Така беше и во воведните минути на второто полувреме се до резултат 21-2о за Вардар. Тогаш домаќинките направија серија од 5-1 и се одлепија. Црвено-црните се обидуваа да фатат приклучок, но тоа никако не им успеваше. „Лавиците“ од Ѓорче го приведоа до крај мечот со конечни 31-26. 

Во победничката екипа по 7 голови постигнаа Ана Марија Коларовски и Анастасија Николовска, додека Ангела Јанкуловска постигна 5. Во редовите на Вардар, но и на натпреварот најефикасна беше Ивона Трпевска со 8 гола, а Сара Стефановска постигна 6 за поразен тим.

Ѓорчепетровки не неприкосновени на табелата со максимални 39 бодови, додека Вардар е на петтото место со 28.

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 39 бодови, Чаир 34, Металург Автокоманда 33, Куманово 30, Вардар 28…

Ивона Кимовска