Англискиот првак Манчестер Сити ја обедини европската и светската шампионска титула.
Во фудбалот на Светското клупско првенство чиј домаќин беше Саудиска Арабија, Манчестер Сити го победи бразилскиот Флуминенсе со 4-0.
Натпреварот почна фантастично за европскиот првак, кој уште во првата минута со голот на Хулан Алварез поведе со 1-0. Нов шок за јужноамериканскиот првак дојде во 27.минута кога Нино си постигна автогол. Во вториот дел (72) и Фил Фоден се впиша во листата на стрелците. Оној што ја отвори серијата голови тој и ја затвори. Аргентинецот, Алварез со својот втор погодок ги постави кончени 4-0 за Сити.
За европските екипи ова е 16-ти трофеј од светското клупско првенство, додека за англиските четврти. Сити им се приклучи на Ливерпул, Чези и Манчестер Јунајтед.
Најмногу титули имаат Шпанците (8) од кои Реал освои 5, а Барселона 3. Четирипати триумфираа и бразилските екипи Коринтинас (2), Сао Паоло и Интернационал.
Следното светско клупско првенство ќе се игра во САД по нов формат со рекордни 32 екипи.