Машката ракометна репрезентација трет ден ги одработува подготовките за европскиот шампионат 2024.
Како дел од овие подготовки предвидени се и три контролни натпревари. Во првата фаза во Стара Пазова, избраниците на Кирил Лазаров ќе спарингуваат со Црногорците.
По новогодишните празници, црвено-жолтите завршните подготовки ќе ги одработат во Скопје. Во главниот град ќе бидат одиграни и два натпревари со нашиот јужен сосед.
Првиот на 4 јануари ќе биде отворен за јавноста, а влезот ќе биде слободен. Натпреварот Македонија – Грција ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17 часот.
Во договор на двете селекции вториот натпревар ќе биде од затворен карактер.