Кошаркарите на Пелистер со пораз го почнаа третиот турнир во АБА2 лигата, чиј домаќин е босанскиот град Широки Бријег.

Во натпреварот од 6.коло Пелистер беше совладан од домаќинот Широки со 66-65.

Добро прво полувреме одиграа битолчани. Иако по воведната четвртина имаа два негатива (17-19), во втората направија комплетен пресврт. Пред се функционираше шутот од дистанца, а тоа донесе предност од 10 поени во два наврати. До крајот на полувремето сонуваа само шест па на пауза се замина со резултат 37-31 за Пелистер.

Во второто избраниците на Дарко Радуловиќ немаа решение за агресивната одбрана на домаќинот. Тешко се наоѓаше решение за поентирање, а беа промашени и неколку чисти шутеви. Со таква игра јасно беше дека Пелистер неможен да се надева на успех, па го претрпе четвртиот пораз.

Магдевски и Мијовиќ со по 12 поени беа двајцата двоцифрени играчи во битолската екипа.

Во следното 7.коло Пелистер во среда ќе игра против Цедевита Јуниор.

ТФТ утре пак ќе го одигра својот меч од шестата рунда, а МЗТ Скопје на паркетот излегува во среда.