Младата репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години со победа го полна настапот на „Трофеј Карпати“.
По двете убедливи победи над над Саудиска Арабија и Словачка, македонските младинци денеска се поразени од домаќинот Романија. Дуелот што решаваше за првото место го добија Романците, но мора да се истакне и големата помош од домашните романски судии.
Воведните шест минути беа израмнети, па и резултатот беше таков 3-3. Следуваше низа на домашната селекција од три гола за водство од 6-3. Нашите ракометари брзо го надополнија тоа и во 17.минута израмнија (7-7), а потоа и поведоа (8-7). Имаа предност македонските младинци до 25.минута кога водеа со 11-10. Во завршните пет, постигнаа само еден, а примија пет, па на одмор заминаа со три негатива (12-15).
Во вториот дел домаќините имаа и најголеми шест гола предност (21-15 и 22-16). Жолто-црвените постојано ја бркаа таа негатива, а најмногу што се доближија беше на еден негатива (28-27).
Најголемата неправда меѓу десетиците нашите младинци мораа да ја проголтаа во завршните мигови. Имено при резултат 32-31, Димевски изведе седмерец, а по сугестија на романскиот голман и клупа, голот беше поништен, а нашиот ракометар заработи црвен картон.
Немаа сили да се борат со противникот, но и арбитрите, па на крајот македонските младинци беа поразени.
Во нашата репрезентација Мирче Калајџиески постигна 10 голови (само едно промашување), а Димитар Узунчев заври со осум гола.
Иако незаслужено поразени, сепак и ова е добра лекција за избраниците на Радослав Стојановиќ, особено за она што се подготвуваат.
Овие и сите натпревари што ќе се играат во рамките од ЕХФ неделите, ќе послужат како подготовки за Европското првенство во Словенија што ќе се одржи наредното лето.