Данска го освои бронзениот медал на 36-тото Светско првенство за ракометарки.

Во „малото финале“ односно дуелот за 3.место, Данска пред својата публика во Херникг ја победи Шведска со 28-27.

Иако домаќинките одиграа брилијантно прво полувреме во кои направија и три гола предност, сепак во второто водеа жестока битка за победа. 

Швеѓанките успеаја да се вратат во игра и завршните 10-тина минути да ги направат драматични. Сепак предводени од тандемот Хансен и Јоргесен кои постигнаа по пет гола, данските ракометарки се радуваа на победа. 

Ова е втор бронзен медал за Данска во низа на Мундијалите. Воедно Данска си обезбеди место на Олимписките игри во Париз на кои ќе играат и финалистите од Мундијалот Франција и Норвешка. 

Дуелот за златото, меѓу актуелниот светски првак Норвешка и олимпискиот шампион Франција ќе почне до 19 часот.