Машката македонска ракометна репрезентација и претстојниот јануари ја очекува настап на големо натпреварување.  Македонија ќе игра на Европското првенство во Германија што ќе се одржи од 10 до 28 јануари. 

Селекторот Кирил Лазаров денеска го скрати списокот на ракометари кои претендираат за настап на шампионатот. 

Од првичните 35-мина, сега на списокот на Лазаров се 19-мина ракометари, но и осуммина како резерви. 

Мартин Серафимов кој поради повреда ги пропушти последните два натпревари на Алкалоид, е меѓу резервите, заедно со клупските колеги, Стојковиќ, Младеновиќ и Галевски. Останатите кои ќе бидат на „стенд-бај“ се: Павле Атанасијевиќ, Ојлески, Аларов и Поповски. 

Првата прозивка Лазаров ќе ја направи во среда (20 декември) во 17 часот во хотел Александар Палас во Скопје.

Македонија европското ќе го почне на 10 јануари со дуелот против Франција, а во групата се и домаќинот Германија и Швајцарија.