Светската фудбалска федерација ги објави имињата на тројцата играчи кои претендираат за признанието фудбалер на годината  за 2023-та.

Тројцата финалисти се Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлин Халанд.

Меси лани го понесе ова признание, но тогаш со Аргентина ја освои светскатѕа титула. Сега Аргентинецот е во „втор план“ бидејќи во изборот се земаат во предвид настапите во периодот од 19 декември 2022-та до 20 август 2023-та година.

Така Халанд кој беше најдобар стрелец на англискиот првак Манчестер Сити со кој ја освои и европската титула, е главен фаворит.

Свеченоста ќе се одржи на 15 јануари следната година.