Селекторот на машката македонска кошаркарска репрезентација Александар Јончевски најде нов ангажман.
Откако пред неполн месец ја прекина соработката со гевгелиски Кожув тој сега ќе го предводи косовскиот тим Башкими.
Јончевски ќе има тешка задача во косовското првенство, бидејќи тимот на Башкими е на делба на претпоследното место на табелата со скор 4-8.
Јончевски кој е селектор на Македонијо од 2021, кариерата ја почна во МЗТ Скопје. Тој беше тренер и на, Гостивар, Спартак Суботица и екипата на Трепча исто така од Косово.