Групната фаза во Лигата на шампионите завршува денеска со дуелите од последното коло. Кои ќе бидат последните два тима што ќе продолжат во осминафиналето ќе дознаеме вечерва. За нив во конкуренција се пет екипи. 

Во така-наречената група на „смртта“ (Ф), Борусија Дортмунд веќе си обезбеди пласман во осминафиналето. За второто место ќе се борат ПСЖ, Њукасл и Милан.

Иако ПСЖ има два бодови предност во однос на конкурентите, Њукасл и Милан, популарните „светци“ не смеат да се опуштат. Напротив. За да не зависат од другиот меч тие ќе мора да слават на гостувањето кај „милионерите“. Во спротивно, пораз, па дури и нерешен резултат може да ги исфрли од игра. Ова под услов Њукасл да го победи Милан.

Милан е во најтешка позиција и ќе мора да победи. Но, и во таква ситуација италијанскиот тим че зависи од дуелот во Дортмунд. Фудбалерите на Милан и нивните симпатизери ќе чекаат триумф на Борусија против ПСЖ. 

Едно слободно место останува и во последната „Х“ група. Барселона веќе си ја заврши работата.

Затоа директниот дуел меѓу Порто и Шахтјор директно решава за осминафиналето. На порто доволен му е и бод, односно нерешен резултат. Но, португалскиот тим и со минимален пораз со еден разлика ќе оди во следната фаза. Ова имајќи в предвид дека Порто го победи Шахтјор на првиот меч со 3-1.

Овие четири натпревари како и дуелите од „Е“ групата каде се е познато ќе се играат од 21 часот.

Во првиот од 18.45 часот на програмата се натпреварите од „Г“ групата, во која се е јасно. Актуелниот шампион Манчестер Сити и Лајпциг веќе обезбедија осминафинале, а тимот на Јанг Бојс ќе продолжи во Лигата на Европа.

Е ГРУПА
АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛАЦИО
СЕЛТИК – ФЕЕНОРД 

Standings provided by Sofascore

Ф ГРУПА
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ПСЖ
ЊУКАСЛ – МИЛАН

Standings provided by Sofascore

Г ГРУПА 18.00 час
Ц. ЗВЕЗДА – МАНЧЕСТЕР СИТИ
ЛАЈПЦИГ – ЈАНГ БОЈС

Standings provided by Sofascore

Х ГРУПА
ПОРТО – ШАХТЈОР 
АНТВЕРПЕН – БАРСЕЛОНА

Standings provided by Sofascore