Одбојкарките на Јанта волеј славеа победа над ривалките од Наковски волеј, во дербито на 11.коло од женската Прва лига. Во драматичен меч одигран вечерва во Струмица, екипата на Јанта волеј победи со 3:2 во сетови. 

Гостинките од Скопје одлично го почнаа мечот и поведоа со 7-0, но, домаќинките возвратија со иста мерка (7-7). Така се играше до 13-13, по што тимот на Наковски поведе со четири разлика (18-14). Имаше домашниот тим и убедливи пет поени предност (23-18). Јанта волеј не се предаде и се избори за израмнување (24-24). Но, немаа соли гостинките за пресврт па, Наковски волеј го доби првиот сет на разлика со 26-24. 

Во вториот сет, по почетните 2-0 на Наковски, гостинките ја презедоа играта и на средината на сетот имаа и три поени предност (9-12 и 12-15). Домаќинките стигаа до израмнување 15-15 но, немаа сили да го свртат резултатот. Јанта волеј заигра посигурно, а тоа резултира со израмнување на 1:1 во сетови (20-25). 

Третиот сет налик на претходните два. Гостинките одиграа далеку подобро и по концентрирано пред се во нападот, а тоа им донесе резултат. Го добија сетот со 25-19, за водство од 2:1. 

Јанта продолжија во ист стил и во четвртиот сет и создаде седум поени предност (9-2). А, тогаш дојде до големо опуштање. Домаќинките го надополнија заостанувањето па дури и поведоа 17-16. Израмнето се играше се до 20-20, по што Наковски волеј направи серија од 5-1 и го добија сетот со 25-21, за израмнување на 2:2. 

Во решавачкиот пети сет, гостинките речиси постојано имаа предност. На крајот го добија сетот со 15-11, а мечот со конечни 3:2.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 11.КОЛО
денеска
Наковски волеј – Јанта волеј
одиграно претходно
Работнички Скопје – Фит фан волеј 3:1 
Младост УГД – Вардар ЕМ 3:0
Вардар жени – Струмица 0:3 

ТАБЕЛА: Струмица 10-0 (победи-порази), Наковски волеј 9-2, Јанта волеј 8-2, Работнички Скопје 6-5, Фит фан волеј 4-7, Младост УГД 4-7, Вардар ЕМ 2-9, Вардар жени 0-11.