Првото издание на НБА купот или популарниот „In-Season Tournament“, е во самиот финиш. Осум екипи по четири од источната и западната конференција, влегуваат во трка за трофејот.

Меѓу нив ќе ги нема минатогодишните финалисти во лигата, Денвер и Мајами.

Улогата на фаворити сега ќе ја имаат тимовите од истокот, Бостон и Милвоки, кои во досегашниот тек од сезоната покажаа најмногу. Сепак само една од овие две екипи ќе игра за трофејот.

Од западната конференција, од четирите кои останаа во игра, Сакраменто за нијанса досега беше подобар од противниците.

Четвртфиналната рунда ( полуфинале по конференции) во НБА Купот започнува ноќеска со два натпревари. Ќе се игра по само еден натпревар, а победниците ќе се пласираат на „Фајнл фор“ турнирот во Лас Вегас.

НБА КУП – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Западна конференција
Вторник 01.30  САКРАМЕНТО – ЊУ ОРЛЕАНС
Среда    04.00  ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС – ФЕНИКС
Источната конференција,
Вторник 01.30  БОСТОН – ИНДИЈАНА,
Среда    04.00  МИЛВОКИ – ЊУЈОРК.

Полуфиналните натпревари ќе се играат во четврток (23 ч.) и петок (03 ч.), а финалето е закажано за недела (02.30 часот)