Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски на денешниот маратон во Валенсија постави нов македонски рекорд – 2:11.53 часа. Тој со тоа го собори досегашниот свој најдобар резултат 2:18.12 поставен во Копенхаген за 6 минути и 19 секунди. Ивановски во редот на елитните натпреварувачи маратонот го заврши на 50.место.
Македонскиот атлетичар истрча неверојатна трка особено што во текот на сите 42,2 км имаше ист „пејс“ 3:07 и 3:08 минути што му овозможи ваков резултат. Ивановски на половина од патеката имаше време од 1:05.41 час, а на 30 км. неговото време изнесуваше 1:33.33 – 59.место. На 35 км. Дарио беше на 58.место со време 1:49.07 час, додека на 40.тиот киолметар веќе навестуваше влез во ТОП 50 бидејќи беше пласиран на 53.место.
За квалитетот на маратонот во Валенсија најдобро зборува податокот дека победникот од Етиопија Сисај Лема истрча со време 2:01.48 часа и постави нов рекорд на патека и притоа ќе добие и „убава парична“ награда. Втор заврши Александар Мутисо од Кенија, а трет беше Довит Волде од Етиопија. На четвртата позиција се пласира легендата на маратонското трчање Кенениса Бекеле од Етиопија.
Во жеска конкуренција победи Воркнеш Дегефа од Етиопија.