Кошаркарите на ТФТ не дозволија никакво изненадување во дуелот со Охрид и ја забележаа седмата победа во Првата лига.  

Во воведниот натпревар од 10.коло одигран во СЦ „Кале“, ТФТ славеше против Охрид со 93-75. 

Победата домаќините ја најави во првото полувреме. По 10-те разлика во првиот, односно 13 во вториот период, тимот од Тафталиџе на одмор замина со 21 поен предност (55-33). 

Второто полувреме беше само чиста формалност, за на крајот ТФТ да слави со убедливи 18 разлика. 

Зафиров со 19 и Нилолов и Верц со по 15 поени беа лидерите во победничката екипа, која сега е второто место на табелата. 

Промени сигурно ќе има бидејќи конкурентите попладнево ќе ги играат своите натпревари од ова коло. 

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Сабота 
ТФТ – ОХРИД 93-75
17.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ПЕЛИСТЕР
17.00 КОЖУВ – ГОСТИВАР
18.00 РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС
18.00 ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.00 ЧАИР – ЕУРО НИКЕЛ 

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17, ТФТ 16, Еуро Никел 15, Работнички 15, Пелистер 15, Чаир 15, Феникс 14, Гостивар 13, Вардар 12, Кожув 11, Академија ФМП 11, Охрид 11.