Хамбург ќе биде во фокусот на вниманието на европската фудбалска јавност денеска. Таму попладнево ќе биде извршена ждрепката за групите на Европскиот фудбалски шампионат што претстојното лето ќе се игра во Германија.
Уште по самото завршување на квалификациите УЕФА ги објави четирите садови од кои ќе бидат изведувани репрезентациите.
Домаќинот Германија ќе биде во првиот заедно со Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија.
Интересно е што актуелниот европски шампион Италија, која која беше во групата со Македонија, ждрепката ќе ја чека од последниот четврти шешир.
Заедно со Азурите ждрепката ќе ја чекаат Србија, Швајцарија како и трите селекции кои преку баражот ќе обезбедат пласман на ЕУРО 2024. Кои ќе бидат тие три селекции ќе дознаеме по дуелите што ќе се играат на 21 и 26 март следната година.
Европското првенство во Германија започнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Ќе се игра во 10 градови, а финалето е во Берлин.
Ждрепката е закажана со почеток од 18 часот.