Откако синоќа дознавме четири нови екипи кои обезбедија пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, вечерва тоа може да го сторат најмалку утре две.
Најблиску до осминафиналето се Наполи и Арсенал, кои и со еден освоен бод, односно нерешен резултат може да си ја завршат работата.
Баерн Минхен со четири обеди е сигурен патник во следната рунда од „А“ групата. баварците вечерва во Минхен се домаќини на второ рангираниот Копенхаген. Но, за второто место вечерва во Истанбул се очекува „војна“. Галатасарај го пречекува Манчестер Јунајтед. Англичаните заостануваа еден бод, за конкурентите Копенхаген и Галатасарај.
Арсенал е во пол-позиција во однос на конкурентите во „Б“ групата. Англискиот тим има дури пет бодови повеќе од второ и трето пласираните Ленс и ПСВ. Покрај францускиот и холандскиот тим сеуште шанси за пласман во осминафиналето (теоретски) има и Севиља.
Во конкуренцијата „Ц“ Реал Мадрид досега победи на сите натпревари и се го обезбеди местото во ТОП 16-те. Блиску е и Наполи на Ељиф Елмас кој има четири бодови повеќе од Брага. Португалскиот тим само со победа над Унион Берлин, ќе го одржи шансите за второто место. Притоа, ќе навива за Реал да го повлада италијанскиот првак.
Во групата „Д“ веќе е познато дека Интер и Сосиедад се осминафиналисти, а Бенфика и Салцбург ќе се борат за 3.место и учество во Лигата на Европа.