Шпанецот Маверик Вињалес утре ќе стартува од пол позицијата на последната 20-та трка во Мото ГП шампионатот што се вози во Валенсија.
,,Топ Ган,, извозе најдобро време од 1:28:931 секунди и стигна до првата пол позицијата за неговиот нов тим Априлија.
Втор заврши Бањаја од Дукати, а првиот ред го комплетираше Зарко од Прамак Дукати.
Во најдобрите 10 завршија уште и Милер и Биндер од КТМ, па следуваат Мартин, Безеки, Алекс и Марк Маркез и Фернандез.
Бањаја е лидер со 437 бода пред Мартин кој има 416 бода. Трет е Безеки со 326 бода.
Во 15 часот закажана е спринт трката, а трката за ГН на Валенсија ќе се вози исто така од 15 часот.