Кошаркарите на Чаир остварија нова победа во домашното првенство откако во дуелот од 8.коло го совлада Пелистер со 87:80 (25:13; 23:27; 19:18; 20:22). Со овој триумф Чаир се наоѓа на втората позиција на табелата зад лидерот МЗТ Скопје Аеродром.
Дека се подготвени за добар натпревар избраниците на тренерот Ерхан Рамадан покажаа на самиот старт на натпреварот. Првата четвртина ја завршија со двоцифрена разлика 25:13. Оваа предност се покажа и како решавачка бидејќи гостите од Битола во текот на целиот дуел ја бркаа негативата.
Во второто полувреме кај домашниот тим се разигра Диванте Мофит, кој натпреварот го заврши со 26 поени, а погодуваше кога беше најпотребно.
Гостите од Битола по кошот на Андреј Магдевски намалија на 75:50 на 4:30 до крајот на натпреварот. По тајм-аутот на Рамадан Чаир направи серија од 10-0 за две минути што беше клучно за победата – 87:80.
Кај домашниот тим пет играчи дуелот го завршија со двоцифрен број поени. Вистинско освежување во составот беше новиот играч Валмир Какруки со 16 поени 9 скокови.
Во редовите на Пелистер Магдевски и Стефан Мијовиќ постигнаа по 16 поени.