Ракометарите на Бутел се на чекор од пласман од плеј-офот и за пласман ќе им биде потреба уште една победа откако попладнево во натпревар од 11.коло го совладаа Голден Арт со 28:24 (12:10).

Со оваа победа Бутел се зацврсти на третата позиција на табелата во групата Б со 21 бод.

Ракометарите на Бутел од самиот старт на натпреварот имаа контрола на резултатот пред се откако поведоа со 4:1. На тимот на Голден Арт му требаше време да ги консолидира редовите и во финишот на првиот домашниот тим успеа да изедначи на 9:9. Сепак на крајот на првиот Бутел имаше водство од 12:10.

Во вториот дел таа предност постојано се зголемуваше, па така Бутел највисокото водство го имаше 17:11 (+6). Оваа предност „бутелчани“ ја имаа уште во два наврати до крајот на дуелот.

Филип Николов од Бутел со 9 голови беше најефикасен на дуелот, додека кај домашниот тим Христијан Милошевски постигна 7 голови.