Во регионалната АБА2 кошаркарска лига денеска ќе се одигра второто македонско дерби.

Откако на првиот турнир МЗТ Скопје го доби Пелистер, сега во второто пелистерци ќе се сретнат со ТФТ.

Двата тима досега имаат само по една победа и два порази на изминатите натпревари.

На турнирот во Златибор, ТФТ ја оствари првата победа. Тренерот Боро Смилковски изрази пофални зборови за енергијата која ја прикажаа неговите избраници.

Затоа пак Дарко Радуловиќ беше разочаран од тој сегмент, по поразот на Пелистер од Војводина.

Пелистер и ТФТ пред шест дена играа во домашното првенство, а битолчани пред својата публика славеа убедлива победа (87-70).

Натпреварот ќе се игра во попладневниот термин од 18 часот.