Најдобрата фудбалска репрезентација на Mакедонија попладнево отпатува за Рим.

Во петок, Македонија ќе го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за ЕУЕО 2024, а противник е актуелниот европски шампион Италија.

Утревечер избраниците на Милевски ќе го одработат официјалниот тренинг на „Олимпискиот стадион“, каде ќе се игра дуелот со азурите.

Позитивната атмосфера е повеќе во видлива во таборот на нашата селекција, која секако ќе се обиде со исто расположение да се врати од гостувањето кај Италија.

По „скопските„ 1-1 во септемврискиот дуел, вербата во своите можности секако е на поголемо ниво. Но, домаќинот ќе се обиде да се реваншира за последните два неуспеси во дуилите со Македонија.

Затоа, максимална ангажираност и посветеност во текот на целиот натпревар ќе бидат првите предуслови за добар резултат на црвено-жолтите.