Со двата натпревари одиграни попладнево во Кратово и Ѓорче Петров, комплетирано е 14.коло во ПМФЛ.

Дерби дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкупи, ги оправда очекувањата. Двата тима играа офанзивен фудбал, без калкулации, а победата ја однесоа домаќините кои славеа со 2-1. 

Гостите поведоа со голот на Трапоновски во 12- минута, по чиј удар, Николиќ ја зафати топката го измами голманот Андов.

Сепак, Србинот, се извади за киксот во 14.минута кога најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и израмни на 1-1. По одличната акција во 40.минута, Калановски на ефектен начин со глава му донесе водство на Силекс од 2-1.

Во вториот дел гостите се обидуваа да стигнат до израмнување, но шансите за тоа дополнително ги загубија откако Илиевски заработи директен црвен картон (84 минута). Резултатот остана не променет, а Силекс ги освои трите бодови.

Во Ѓорче Петров еден гол го пеши победникот на дуелот меѓу Македонија ЃП и Работнички.

Во 53-тата минута по убавото уфрлање од левата страна, Камерунецот, Гандо со глава го „матира“ домашниот голман Стефковски за победа на Работнички од 1-0.

ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО
недела
СИЛЕКС – ШКУПИ 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 0-1
вчера
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
БРЕРА СТРУМИЦА – СТРУГА Т.Л. 2-1
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-2
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0

Standings provided by Sofascore